Планинарските клубови, друштва и здруженија денес потпишаа меморандум за соработка со Јавната установа Национален парк Шар Планина, а целта е една поголема координација во насока на промоција на заштитата на природата, одржливиот економски потенцијал, подигање на јавната свест и свесност за убавините на Шара, планинарски патеки, еколошки акции, размена на знаење и искуства и слично.
Во иднината двете страни ќе имаат и заеднички активности, а една од најважните работи соработка се планинарските патеки. За места за пешачење и планинарење ќе се прави и пригодна интернет платформа
„Првично се договораат со нас за одредена патека, не како досега, ако му текнало на одредено здружение па ќе почне да обележува патека затоа што им било интересно. Секако во координација со нас, што е важноста за таа патека, кој предел ќе се опфате, што ќе промовира од убавините на Шара преку таа патека, секако тоа ќе треба да биде опфатено во електронското евидентирање, изјави директорот на НП“, Ибрахим Дехари.
Меморандумот во иднина ќе придонесе за заедничко унапредување и развој на двете страни во областа на животната средина, како и промоција на одржливост на туристичкиот потенцијал на Шар Планина.
„За поздравување е овој чин на Националниот Парк. Голема важност имаат патеките, за движење од безбедносен аспект но и за развој на туризмот, да знае секој посетител што и каде може да посети на таа патека. Без лиценциран планинарски водич да не се оди на планина, истакна Снежана Новаковска, од ПК Тетекс, потписничка на меморандумот.
Од Паркот информираат и дека преку проектот „Инвестираме во Шара“на најмалку шест локации на територија Шар Планина, оваа година ќе се уредуваат излетничките места, ќе бидат поставени патокази, знаци, мостови, а ќе бидат поставени и привремени објекти наменети за потребите на чуварската служба и привремено засолнување од непогодни временски услови.
ас