Полициски службеници на СВР Тетово вчера (11 април) од 9 до 14 часот спровеле акциска контрола на пешаци, како и колку тие ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата бил констатиран и санкциониран 31 прекршок (ТЕ-23 и ГВ-8).
Сите се однесувале на преминување на улиците надвор од обележан пешачки премини, по што на пешаците-прекршители им се изготвени соодветни поднесоци, со напомена дека предвидените парични глоби за ваквите прекршоци се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност, а прекршителите ќе бидат повикани и на таканаречена сообраќајна поука. При контролата, исто така, санкционирани се и 15 (ТЕ) други видови прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците, како постапуваат на крстосници со светлосна сигнализација и како се движат по улици на кои нема обликувани тротоари. На возачите ,пак, им се советува секогаш да им даваат првенство, односно да ги пропуштаат пешаците кога тие имаат предност