Ноќеска (31 март) околу 3 часот и 45 минути, на улица „Мирче Ацев“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот А.К. од тетовски Порој, кој се обидел да изврши кражба во паркирано патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, но бил забележан додека го вршел кривичното дело и пријавен. Се расчистува и документира случајот по што ќе следува поднесок, информира СВР Тетово.