• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во контроли полицијата фаќа возачи со прекршоци, а кои веќе имат забрана за управување со возило

13/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовските полицајци бележат многу примери на возачи кај кои се констатирале сообраќајни прекршоци,  кои пак веќе имале забрана за управување со возило поради санкција за претходно прекршување на законските одредби.

Во многуте редовни и акциски контроли се наоѓаат возачи кои веќе се соочуваат со судска забрана да не управуваат возило од три месеци до една година зависно од прекршокот.

-Во текот на август на поширокото тетовско подрачје откриени и законски санкционирани биле вкупно 107 лица без возачки дозволи, 7 со несоодветна категорија, 11 со важечка забрана за управување и 26 возачи-почетници кои не се придржувале на предвидените ограничувања за оваа категорија возачи. Секторот за внатрешни работи Тетово и овој месец засилено го контролира управувањето без возачки дозволи и повторно апелира, посебно до младите, задолжително да посетуваат возачка обука и навреме да го положат соодветниот испит, теоретски и практичен, за да се стекнат со право да поседуваат адекватна дозвола, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Непоседувањето на дозвола се санкционира со изготвување на поднесоци и со парична глоба од 250 евра во денарска противвредност. Толку изнесува глобата и за сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат на други лица, иако знаеле дека немаат возачка дозвола. Истото се однесува и на мотоцикли и земјоделска механизација, трактори, комбајни и друго.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Бојкот на настава-родители бараат да се вратат учителки на кои им завршил договорот за работа на опредено време

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.