Полицајците во Тетово и други места деновиве ќе го пренасочуваат движењето на возилата со цел да се превенира сообраќен метеж поради зголемена фреквенција на возила, информираат од СВР Тетово. Така попладнево на источниот влез од Тетово и сите возила кои доѓаат од правец на Скопје беа пренасочувани кон обиколницата на градот и другите сообраќајни влезови.

-Пренасочувањата ќе се вршат по проценка на сообраќајната полиција на влезовите на Тетово но и на повеќе други места низ градот. Целта е да се превенираат сообраќајните метежи кои се очекуваат поради зголемената фреквенција на возила и луѓе во градот. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да имаат разбирање за потребата од пренасочување на сообраќајот, информираше Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Воедно тетовската полиција повторно апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, наредбите на полициските службеници и да не паркираат,односно да не ги оставаат нивните возила на коловозните ленти и во ткн. двојни редови. Потсетуваат дека секое непочитување на овие апели и укажувања законски ќе се санкционира со изготвување на соодветни поднесоци.
ас