Вчера (15 ноември) од 9 до 14 часот на поширокото полошко подрачје спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги чинат пешаците, во која вкупно биле откриени и санкционирани 54 прекршоци (ТЕ-26 и ГВ-28). Најголемиот број од прекршоците (48) се однесувале на преминување надвор од обележани премини (ТЕ-20 и ГВ-28), а 6 (ТЕ) на непочитување на светлосни сообраќајни знаци.
На прекршителите изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби кои, зависно од тоа како и каде е направен пркршокот, се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, тие ќе бидат повикани и на таканаречена сообраќајна поука. При контролата, исто така, биле санкционирани и 11 други видови прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-2).
Вчера во Тетово продолжија и повеќе други превентивно-контролни активности, при што биле откриени, санкционирани и од „пајак-службата“ подигнати 30 непрописно, односно погрешно паркирани возила, 5 возачи кои ги управувале возилата без положен возачи испит и валидна дозвола и така натаму, кои биле заокружени со адекватни поднесоци.
…..