Полициски службеници СВР Тетово вчера (9 октомври) од 6 до 11 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и санкционирани се и 4 возила-комбиња (ТЕ) кои не ги поседувале потребните документи за вршење на јавен превоз и на кои ќе им бидат изготвени поднесоци по член 284-а од Кривичниот законик.
При контролата, исто така, санкционирани се и 7 (ТЕ-3 и ГВ-4) други видови сообраќајни прекршоци.
Порпаролот Марјан Јосифоски вели дека контролите во јавниот превоз ќе продолжат и во наредниот период.
-При што посебен акцент ќе им биде ставен на техничката исправност на возилата, но и дали и колку се придржуваат на ограничувањата на бројот на патниците што ги превезуваат, брзината со која се движат и дали тие што ги управуваат поседуваат дозволи за соодветна категорија. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај, пред се технички неисправните и оние кои превезуваат повеќе патници од максимално дозволениот број, информира Јосифоски.