На подрачјето на СВР Тетово денеска (22 септември) од 6 до 10 часот спроведена е акциска контрола со која беа опфатени возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси комбиња.
При контролата, откриено е едно техничко неисправно возило (ТЕ), кое имало неисправни сопирачки. Покрај тоа, санкционирани се и две возила (ТЕ-1 и ГВ-1), кои не ги поседувале потребните документи за вршење на ваков превоз.Технички неисправното и возилата без документи исклучени се од сообраќај и изготвени им се законски предвидените поднесоци.
Во денешната контрола откриени и санкционирани, исто така, биле и 8 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-1).