• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 5 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Полицијата со активности со цел да се спречи користење на пиротехнички материјали

12/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека деновиве значително  се засилени  контролните и други активности, поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства, но и со користење на огнено оружје на празнични и семејни свечености.

Според СВР Тетово во функција на безбедно прославување  на претстојните празнични и други свечености, покрај другото, а со цел навремено информирање на граѓаните, од Отсекот за превенција планирани се и до крајот на мсецот ќе се организираат состаноци, односно средби со советодавните групи на граѓани. Покрај тоа, ќе се дистрибуираат и поголем број флаери и плакати со пораки „Не користи пиротехнички средства“.

-Во таа насока, на трговците, родителите и учениците (основци и средношколци ) повторно им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик на Република Македонија и за тоа дело казниво по член 396 е предвидена е казна затвор од 3 до 10 години. Истото се однесува и кога станува збор за пукање со огнено оружје на различни места и по различни поводи, вели Марјан Јосифоски, поратпарол на СВР Тетово.

Од тетовската полиција особено апелираат учениците од основните училишта да не користат пиротехнички средства, кои чести предизвикуваат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото.

 

 

Поврзани објави

Вести

Размена на уметнички слики и изложба помеѓу јапонски училишта и врсниците од тетовска Брвеница

04/12/2023
Вести

Акциска контрола за брзо возење – 106 казнети возачи

04/12/2023
Вести

Приведен тетовчанец за агресија кон полицајци, СВР Тетово бележи и две пријави за физички напади

04/12/2023
Вести

Се сече борова шума, долж автопатот кон Скопје – Општина Желино ја обвини централната власт за уништување на природата

04/12/2023
Вести

Во ноќешната акциска контрола изречени 110 казни за сообраќајни прекршоци

03/12/2023
Вести

Приведен 49 годишник баран за издржување притвор

03/12/2023
Следна објава

Општинскиот инспекторат ја затвори авто пералната пред ОУ „Братство-Спортски центар“

Tetovo, MK
вторник, декември 5, 2023
overcast clouds
6 ° c
80%
2.04mh
100%
7 c 6 c
сре
7 c 1 c
чет
3 c -3 c
пет
4 c -2 c
саб

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!