Денеска (11.07.2024) Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од ПС за БПС Тетово на неколку локации на централното градско подрачје во Тетово спроведоа превентивна активност, наменета за возачи на мотоцикли.
Превентивната активност беше спроведена со цел зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, особено за почитување на законската обврска за возачите на мотоцикли да носат заштитен шлем (кацига), со што се зголемува, пред се, личната безбедност.
На возачите им беше поделен и едукативен материјал односно летоци.
СВР Тетово 11 јули 2024