• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Полицијата за речиси пет месеци казнила 199 возачи кои зборувале на мобилен, а 179 луѓе кои немале сигурносни појаси

19/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Евиденцијата на тетовската полиција бележи казни за 199 возачи кои зборувале на мобилен телефон во овие речиси пет месеци додека возеле. За истиот период изречени се 179 санкции за возачи и совозачи кои не ги употребувале сигурносните појаси.

Од СВР Тетово велат дека бидејќи на тетовско-гостиварското подрачје претстои период кој ќе биде исполнет и со далеку поголема сообраќајна фрекфренција на патиштата во регионот, овој и наредните летни месеци ќе се реализираат засилени контроли и без исклучоци ќе се санкционираат сите констатирани прекршоци.

 

Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово
Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите да се воздржат од разговори на мобилен кога се зад волан, пишување пораки и слично и редовно да ги врзуваат сигурносните појаси. Зашто, разговорите на мобилен или пишувањето на пораки во голема мерка го одвлекуваат нивното внимание и ја доведуваат во прашање нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Врзувањето на појасите, пак, најмногу е за лична безбедност на возачите и другите во возилата, без разлика дали се патува на покуси или подолги релации, апелира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На сите кои зборувале на мобилен возејќи, изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со глоба од 40 евра во денарска противвредност. Глобата за некористење појас изнесува 40 евра за возачите и 50 евра во денарска противвредност за совозачите.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Следна објава

Утре, сабота во Тетово изложба на уметничкиот фотограф Нихад Нино Пушија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!