Во рамките на засилените сообраќајно-контролни активности кои во континуитет се спроведуваат на поширокото полошко подрачје вчера (30 март) од 10 до 16 часот реализирана е контрола на техничката исправност на возилата.
При контролата откриени и санкционирани биле 5 технички неисправни возила (ТЕ-2 и ГВ-3), од кои 4 (ТЕ-1 и ГВ-3) имале неисправни сопирачки, а 1 (ТЕ) неисправни други уреди, системи и опрема. Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите изготвени им се законски предвидените поднесоци. Покрај тоа, санкционирани биле и 2 возила (ТЕ) поради претовар и други недостатоци.
Со соодветни поднесоци, исто така, а поради констатирани недостатоци, биле заокружени и 3 прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-1) кои се однесувале на управување без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, 9 (ТЕ) погрешно паркирани возила и 13 други видови прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-3).
-СВР Тетово уште еднаш со апел до возачите навреме да ја проверат техничката исправност на нивните возила и особено ако тргнуваат на подолги дестинации, пред се сопирачките и уредите за управување. На возачите на товарни возила, пак, им се советува адекватно да го обезбедат товарот и да не практикуваат претовар, зашто во спротивно ќе се соочат со поднесоци и со парични глоби кои се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност и плус глоба за правното лице, односно фирмата