Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (1/2 април) спровеле акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.
При контролата откриени и санкционирани биле вкупно 6 возачи (ТЕ-4 и ГВ-2) кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај двајца (ТЕ-1и ГВ-1) биле измерени до еден и пол промили алкохол во организмот, односно крвта.Сите алкохолизирани возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци.Покрај ова, со соодветни поднесоци биле заокружени и 25 други видови сообраќајни прекршоци (Те-14 и ГВ-11).
Секторот за внатрешни работи Тетово со уште еден апел до возачите да се воздржат од консумирање алкохолни пијалаци доколку седнуваат зад волан, зашто алкохолот им ја намалува способноста за управување и нивната концентрација и им ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.