-Планинари од клубовите Аргентус Монт и Х20 извршија поправка на вратата од планинарската кула на Титов врв. Поради деформиран дел од рамката на вратата, досега било тешко отворањето и затворањето, особено во зимските месеци.
– Извршено е санирање на деформираната лајсна, која била оштетена од претходни насилни отворање на вратата на планинарската кула на Титов врв и во иднина лесно ќе се отвора и затвора со рајбер. Апелираме посетителите да не ја оставаат отворена вратата и внимателно да ја овораат и затвораа, информира Зија Јонузовски од ПК Аргентус Монт.
Планинарите имале седум килограми опрема и алати што ги носеле до Титов врв, за што велат дека било потешко од самото поправање на вратата.
За кулата, според планинарите особено е важно да бидат затворена вратата особено во зимските месеци за да не навлегува снег и за да може се користи од посетителите.
Во декември 2022 година Аргентус Монт Тетово информира дека оштетени се поголем дел од прозорците на кулата на Титов врв поради што овој објект на 2747 метри надморска височина наменет за засолнување од тогаш не е безбеден за престој во внатрешноста.
Веќе неколку години планинарите од Аргентус Монт носејќи материјали на раце работат на обнова на кулата. Во период од пет години тие ставија врата, прозорци, обнова на ѕидовите и внатрешноста, поставија инвентар и многу други работи со цел да биде безбедна и пријатна за престој дури и во најлоши временски услови.
ас