• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Поради неисплатени плати почнаа штрајк работници на ЈКП Тетово

15/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Работниците во Јавното комунално претријатие „Тетово“ денеска започнаа штрајк поради неисплатени плати.  Во кругот на работната единицата Комунална хигиена работниците од првата смена дојдоа на работните места но не заминаа на терен.  Поголем дел од нив не добиле плата за октомври и ноември, а има и некои на кои им доцнат и до четири плати.

-Денеска се собравме овде да изразиме револт поради неисплатени плати за октомври и ноември. И ради немање здравствено осигурување. Во 21 век да се нема здравствено осигурување. Не може да одиме на лекар, пола работници се болни, кога ќе иде на лекар не може да се земе апчиња. Ќе продолжиме додека  не се исплатат платите.   
-Мене ми должат три плати, има и некои четири плати. Со години ни доцнат. Немаме ни здравствено осигурување.  Јас сум 15 години на работа тука.Од време на Теута ни доцнат платите.
-Мизерно опстануваме.  Дадоа ветување и пак ништо.  Нема ни здравствено осигурување.
-Како може да се живее кога доцни плати 3-4 месеци, нарочито во криза.Цените се покачиле до Марс, а ни уште сме на Земја.  За плати и придонеси, со договор сум на дело.  Без плата не се работи, резигнирано информираат работниците.


Куртиш Имери на 5 октомври иако токму на работа се повредил морал лекувањето да го плати приватно поради тоа што немал здравдствени осигурување.

-На 5 октомври кога бевме на терен да собираме ѓубре исеков два прста кога се подигнуваше контејнер од камион за да се се истовари сметот во камионот. Немам здравствено осигурување и се сам сум платил приватно. Два месеци не сум зел плата, вели Имери. 

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами изјави дека неисплатените хонорари за оние со договор на дело ќе ги плати Општината. Тоа ќе биде согласно одлуката од вонредната седница на Советот во ноември, со 400 илјади евра од општинскиот буџет да се исплатат заостанати хонорари. За вработените со редовен работен однос ЈКП Тетово треба најде начин да ги исплати заостанатите плати.

-Се работи за некои грешки во системот на плаќање затоа што согласно одлуката на Советот тие обврски за луѓето со договор на дело се преземени од општината за да се платат. Но имало некои проблеми во Трезорот за реализација на тие плаќања. Се работи за доцнење на ден два, се надевам дека ќе има разбирање кај вработените. Бараме начин како сите заостанати плати согласно одлука на Совет да се исплатат. Се бараат решенија, не дека не може да се исплатат. За тие кои имаат редовен работен однос заостанатите плати треба да ги даде самото претријатие.  За платите на редовно вработените нема средства ЈКП наеднаш да ги плати. Секој месец ќе се обиде да надокнадува по нешто за да дојде до нула долгови за плати,  изјави Касами. 

Во септември 2020 година овие работници од Комунална хигиена“ се собраа на јавен протест изразувајќи незадоволство што шест месеци не беа платени придонесите за здравствено и пензиско осигурување.

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Полошките градоначалници и во 2023 ќе бараат решение за регионално справување со кучињата скитници

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.