• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Постхумно објавена книгата „Графени – синтеза, карактеризација и примена“ од Абдулаќим Адеми (1969-2018)

16/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На петгодишнината од смртта на политичарот Абдилаќим Адеми на Универзитетот во Тетово постхумно беше промовирана неговата книга „Графени – синтеза, карактеризација и примена“.

Овој труд го објави Аналитичкиот истражувачки центар „Абдилаќим Адеми“.Книгата е докторска дисертација на покојникот за областите нано-технологијата и нано-материјалите.

-Сите овие публикации се неизбежен столб на афирмација на научната работа на академскиот и научниот кадар внатре и надвор од Универзитетот во Тетово. Се сеќаваме на Абдилаќим Адеми како поддржувач на напредокот на високото образование во Македонија, пријател на Универзитетот во Тетово, кој е поврзан со историјата на нашиот универзитет уште пред неговото официјализирање, ангажиран во Собранието на Република Северна Македонија, да учествува во изработката на Законот за легализација на Универзитетот во Тетово, додека како асистент во Центарот за политехнички студии даде директен придонес во неговото формирање, порача на промоцијата ректорот на УТ, Куштрим Ахмети.

Редактор на оваа публикација е професорот Хамит Мехмети од Универзитетот „Иса Болетини“ во Митровица, Косово.

-Абдилаќим Адеми на почетокот беше голем вљубеник во образованието, истражувач и научник, кој ветуваше многу, со голема љубов кон науката и со неспоредлива волја за воспоставување на вистински научни рамки, со многу идеи за реализација на овие желби и несомнено дека ќе можеше да ги реализира една по една, доколку тешката болест не го запреше неговиот чекор“, рече професерот Мехмети.

Абдилаќим Адеми е роден на 20 декември 1969 година во селото Шемшово.  Основното образование го завршил во родното село, а потоа средното образование го продолжил во гимназијата во Тетово. Студиите ги започнал во Митровица, но дипломирал во Албанија на Политехничкиот факултет на Универзитетот во Тирана, а во 1996 година ја добива титулата металуршки инженер. Тој, исто така, по легализацијата на Универзитетот во Тетово, во 2004 година е именуван за асистент на Градежниот факултет. Во 2018 година на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје се запишал на докторски студии, но не успеал да ја одбрани дисертацијата. Почина на 16 февруари 2018 година.

Како член на ДУИ беше министер во Министерствата за животна средина и просторно планирање и за образование.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

Тетовската библиотека во 2022 набави 710 нови наслови, сега вкупно има 33.539 наслови

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.