Црквата Рождество на Пресвета Богородица во с.Сетоле, е изградена во 1862 година на темели од постар објект. Некои од иконите се дело на најпознатиот иконо и фрескосликар на балканот Дичо Зограф.
Во моментов постои опасност од уривање на дотраениот покрив на црквата и уништување на фреските, иконостасот и самата црква.
Но, финансиските можности на Црквата се во неповолна состојба, а покривната конструкција и дел од внатрешните столбови чинат поголеми финансиски средства и за тоа особено говори фактот што санацијата на покривот и столбовите е стопирана.
Поради тоа, ве замолуваме, доколку сте во можност да помогнете во санацијата на овој објект со парични средства.
Паричните средства може да ги уплатите на жиро сметка: 300000004242622 – Комерцијална Банка АД.
Цел на дознака: Донација за црквата во с.Сетоле
Или лично кај благајникот Слободан Ветероски 071 513 670