• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Повеќе стотици деца учествувааа на возобновената Бадникарска литија во Тетово

06/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По пауза од две години во Тетово се одржа Бадникарска литија на која учесниците поминаа низ градските улици исполнувајќи ја празничната песна „Вечниот Бог“.

Повеќе стотици деца, дел од нив заедно со родителите, учествуваа на литијата која започна од соборната тетовска црква Свети Кирил и Методиј.  По празничната Света Бадникова литургија, од 10:15 тргна движењето на учесниците на Бадниковата литија од јужната порта на црковниот двор до плоштадот, а по тоа до пазарот. Литијата продолжи по булевар „Благоја Тоска“ па се до трговскиот комплекс „Тетовчанка“. Од таму,  назад по булеварот па на улица „Борис Кидрич, покрај Дом на АРМ, позади Центар за култура и назад на плоштадот.

На плоштадот празнично здравичарско обраќање имаше хроничарот Дарко Гавровски – Гавро, а настапи трио Шербет.

-Овој празник ги собра тетовчани заедно во знак на верата и слогата и на традиција. Денеска ја имав честа ја првата здравица на првиот ваков начин на празнување по литијата на заеднички на градскиот плоштад. Мислам дека тетовчани се големи верници и имаат доволно слога меѓу нив да го одржиме оваа како традиција за наредните години кои следат и да го оплемениме со уште поубави настани, изјави Дарко Гавровски.

Сопствениците на угостителските објекти пред нивните објекти подготвија празнични маси со дарови за децата учесниците на литијата. Во Тетово прв пат се одржа бадникова литија во 2017 година, а не се одржа во 2021 и 2022 поради пандемијата.

За вечерва на социјалните медиуми верниците се повикуваат на градскиот плоштад повторно од 18 часот на заедничко народно традиционално чествување по повод Бадник согласно кое децата се маскираат и ја пеат песната „Бдња Баба“.

ас

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

Митрополит г. Јосиф: Христовата семоќна десница нека нè закрилува секојдневно

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.