Соопштение на СВР Тетово 12 јуни 2024
На 11.06.2024 во 17.30 часот СВР Тетово било пријавено дека околу 13.25 часот во кругот на основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово, електричен тротинет удрил во малолетник и го напуштил местото. Малолетникот се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.06.2024 во 15.30 часот во СВР Тетово, 49-годишна тетовка пријавила дека нејзиниот сопруг Н.Љ. физички ги нападнал неа, нивниот малолетен син и неговата мајка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.06.2024 во 00.10 часот во Полициското одделение Жеровјане, Н.А.(19) и С.В.(18), двајцата од тетовско Блаце, пријавиле дека околу 22.50 часот на 11.06.2024 на патот од тетовска Брвеница кон Блаце, во село Милетино, биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сообраќајни активности-акциска контрола
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера (11-јуни) во периодот од 16:00 до 21:00 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 42 прекршоци (ТЕ-20 и ГВ-22), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 33 (ТЕ-16 и ГВ-17), потоа 5 (ТЕ-3 и ГВ-2) за управување без возачка дозвола и 3 (ГВ-3) со непродолжена осигурителна полиса, 1 (ТЕ) нерегистриран мотоцикл.
Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци, а при контролата биле констатирани и санкционирани 7 (ТЕ-1 и ГВ-6) останати сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово апелира до возачите на мотоцикли навремено ги продолжуваат осигурителните полиси или регистрации, да не управуваат со мотоцикл без положен возачки испит, затоа што секоја сообраќајна незгода која се случила со учество на мотоцикл, крајните последици биле сериозни, а со тоа ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.