Соопштение на СВР Тетово 13 февруари 2024 година
Вчера (12 февруари) во 18 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека околу 16 часот и 30 минути на крстосницата на улиците „Браќа Миладинови“ и „ Илинденска“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 39-годишниот И.М. од гостиварско Речане удрило во малолетен пешак од Тетово. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Вчеравечер (12 февруари) околу 21 часот и 15 минути во СВР Тетово, во присуство на родител, повикан е на службен разговор малолетник од Тетово кој се сомничи дека е извршител на повеќе кривични дела, а кој на 10-ти овој месец бил пријавен дека се оддалечил од дома и вчера се вратил. Се расчистува и документира случајот.
Педесет и двегодишниот З.Ш. од тетовска Голема Речица, вчера (12 февруари) во 9 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека пред тоа во ходникот на објектот во кој работел физички бил нападнат од неговиот колега Џ.Н. Се расчистува и документира случајот.
Дваесет и деветгодишниот тетовец Х.З., вчера (12 февруари) во 20 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека час и половина пред тоа на улица „107“ во Тетово физички бил нападнат од Б.Н. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (12 февруари) од 10 до 14 часот спроведена е акциска контрола на возачите – дали и колку тие ги почитуваат нивните обврски кон пешаците. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 23 возачи (ТЕ-18 и ГВ-5), кои не им дале предност, односно не ги пропуштиле пешаците, најмногу на обележани премини. На сите возачи-прекршители изготвени им се адекватни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби од 200 до 250 евра во денарска противвредност, со напомена дека на тие со изречена глоба од 250 евра ќе им следи и времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, биле санкционирани и 8 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.