Соопштение на СВР Тетово 10 август 2024
На 10.08.2024 година во времето од 00.00 до 04.00 часот полициски службеници од СВР Тетово по претходно изготвен план извршиле акциска контрола во врска со присуство на малолетници во угостителски објекти, како и точење алкохол на малолетници, при што биле извршени контроли во три објекти, од кои во еден од нив на улица ,,Маршал Тито” била затекната малолетничка од с. Јажинце при што истата била предадена на нејзиниот стрико Х.М.(47) од Јажинце. Во врска со настанот бил сочинет соодветен поднесок во врска со прекршок по член 21 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.
……
На 09.08.2024 година во 22.30 часот полициски службеници од ПО Групчин на локален пат во с.Желино во близина на стадионот го лишиле од слобода Џ.У.(25) од Желино кој управувал патничко возило ,,Поло” со тетовски регистерски ознаки во кое како совозач се превезувал С.А.(24) од с.Желино, кој излегол од возилото и фрлил пет паковки со зелена тревкаста материја и се дал во бегство. Џ.У. е задржан во полициска станица, по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
……
На 09.08.2024 година во 19.10 часот полициски службеници од СВР Тетово кај кружен тек помеѓу улица ,,Илинденска” со улица ,,Благоја Тоска” во Тетово, го лишиле од слобода Е.С.(30) од Р. Италија, со престој во Тетово. При извршен преглед кај лицето е пронајдена марихуана и ризла. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
…..
На 09.08.2024 година во 07.30 часот на улица ,,Цветан Димов” во Тетово полициски службеници од СВР Тетово, поради основано сомнение дека е извршител на претходно пријавена тешка кражба го лишиле од слобода М.М.(38) од Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 09.08.2024 година во 14.35 часот во тетовско Долно Палчиште полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Б.М.(44) од Долно Палчиште. Тој во 12.40 часот во СВР Тетово бил пријавен од неговата 20- годишна ќерка дека агресивно се однесувал со неа и со дргите членови од семејството, им барал пари и им упатувал заканувал. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 09.08.2024 година во 22.15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар кај градскиот парк во Гостивар го лишиле од слобода А.С.(37) од Гостивар. Тој бил пријавен од неговата 28- годишна сопруга од Гостивар, дека околу 22.30 часот на градски парк во Гостивар физички ја нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што им нанел телесни повреди констатирани во Медицински центар Гостивар. Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
…..
На 09.08.2024 година во 14.30 часот во СВР Тетово Ќ.А.(39) од Тетово, пријавила дека нејзниниот малолетен син, додека играл на улица, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
……
На 09.08.2024 година во 13.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Брвеница поточно пред угостителски објект пред влезот на селото се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,Пасат” со тетовски регистерски ознаки управувано од А.К.(56) од Голема Речица, патничко возило ,,Мерцедес” со тетовски регистерски ознаки управувано од Б.З.(36) од с.Желино и патничко возило ,,Мерцедес” со странски регистерски ознаки, паркирано од М.Ќ.(38) од с.Боговиње. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле З.Р.(52) и едно малолетно дете, двете од Желино констатирани во Клиничка болница Тетово. Додека со телесни повреди се здобил возачот Б.З. и две сопатнички во возилото “мерцедес”. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.
……
На 09.08.2024 година во 19.50 часот во ПО Жеровјане Х.И.(49) од тетовско Урвич пријавила дека во угостителски објект каде е вработена во тетовско Волковија околу 14.00 часот додека била на работа била физички нападната од сопственикот С.Р. од тетовско Радиовце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…..
На 09.08.2024 година во 23.45 часот во полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.Ш.(26) од Гостивар. Тој бил пријавен од Ј.У.(31) од с.Беловиште дека неговиот малолетен син додека играл во гратскиот парк во Гостивар, истиот физички го нападнал. Тој е задржан во полициска станица и се расчистува и документира случајот.
…..
На 10.08.2024 година во 04.45 часот во ОВР Гостивар М.С.(38) од Гостивар пријавил дека во угостителски објект покрај автопатот Тетово – Гостивар во близина на Неготинска клучка, Р.А. од скопско Арачиново кој бил во придружба со женско лице и биле како гости во локалот, во еден момент излегле во дворот и потоа се вратил назад и со пиштол им упатил закани на присутните по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
…..