• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Повторно одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

14/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По втор пат се одложи почетокот на судењето за пожарот во модуларната болница, а причина беше тоа што двајца од тројцата обвинети немаа адвокати.  На судењето иако дојдоа тројцата обвинети, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, како и докторот Бобан Вучески, рочиштето се одложи за 8 ноември во 10 часот.

При прозивката обвинетите економскиот директор Артан Етеми и докторот Бобан Вучески пред судот истакнаа дека немале можност да ангражираат адвокат-бранител.

Судијата Јордан Велковски во записникот наведе дека двајцата обвинети Вучески и Етеми се опоменуваат и дека ако не донесат адвокат за наредното рочиште, ќе добијат адвокат по службена должност. Исто така судијата им рече на обвинетите во рок од осум работни денови да достават полномоштво до Судот за адвокати-бранители во процесот.

Откако беше презакажано судењето на излегување од судот во изјава за медиумите директорот Фљорин Бесими го повтори ставот дека со докази ќе ја докаже невиноста.

-Го кажав еднаш, го повторувам. Ве замолам да го продолжите да го покривате овој судски процес. Воедно сум убеден дека со доказите што ги имаме ќе ја потврдам мојата невиност во врска со овој трагичен настан. Доказите кои се неспорни кои ќе бидат доставени во текот на судскиот процес се надевам дека овој процес брзо ќе се заврши. Се што имаме да кажеме ќе го кажеме во Судот, изјави Бесими.

Пожарот во модуларната ковид болница се случи на 8 септември минатата година. Во огнената стихија која за неколку минути до темел го изгоре објектот, животот го загубија 14 луѓе, а повеќе пациенти беа тешко повредени . До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово.

Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово Фљорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Бобан Вучевски за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет,  електроинжинер  и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше обвинителството.

Тогашните двајца директори на тетовската болница поднесоа оставки, но останаа на функциите се до преструктуирањето во Владата.

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Изложба на мозаици „Жената во парчиња камен“ на проф. д-р Изет Зеќири

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.