• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Повторно одложување на завршните зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово

10/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По втор пат денеска се одложи рочиште за завршни зборови во судскиот процес за неколку кривични дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе.  Поради отсуство на адвокатот на еден од обвинетите, поранешниот директор Артан Етеми, судијата Јордан Велковски го презакажа судењето за 29 мај во 10 часот.

Претходно на 25 април завршните зборови беше одложено за денес поради отсуство на еден од обвинетите, тогашниот директор Флорим Бесими. Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април.

И денеска повторно група граѓани се собраа пред судот во Тетово на мирен собир за да искажат поддршка за обвинетиот д-р Бобан Вучевски.

-На правдина го теретат докторот. Треба да одговара тој што ја градел болница, а не доктор кој ги лечел луѓето, што спасувал животи. Бил добар доктор. Наместо во болница го малтретираат тука, истакнаа граѓаните.

Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се терети за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Тие на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.

ас
фото МИА

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Нова пријава од повредени жители на Тетово поради бездомни кучиња

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!