• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Пожарникарите се вратија од Турција: Нема зборови што може да се кажат за ситуацијата таму

Покрај командирот Авни Амети во екипата беа Енис Рамани, Хизри Алити, Неби Беќири, Веби Сефери, Шафи Нухија, Бобан Трпковски и Хекуран Мустафи.

15/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами организираше прием за деветте пожарникари кои беа да помогаат во подрачјата погодени со земјотрес во Турција. Според Касами оваа природна непогода покажа колку е потребно пожарникарите да бидат добро опремени.

-Во име и на сите граѓани им заблагодарив за нивното учество за справување со последиците со земјотресот. Се молиме и се надеваме дека вакви ситуации и вакви катастрофи нема да се случат во иднина. Една од главните наши цели противпожарната единица и спасувачката единица во рамки на ТППЕ да биде една од најмотивираните и една од најдобро подготвените во рамки на државата сè со цел да бидеме подобро подготвени и да се справиме со вакви ситуации. Разговаравме во иднина ТППЕ да биде подготвена што подобро со постојани обуки и усовршување, изјави Биљал Касами.

Командирот на ТППЕ Авни Амети порача дека со зборови тешко може да се опише ситуацијата во Турција.

-Нема зборови што може да се кажат за ситуацијата што се случува таму. Ние бевме среќни кога спасивме живот на 38 годишна жена, не само ние како ТППЕ туку беа пожарникари од Струмица, Чаир, ДЗС, работевме шест часа за да ја извадиме жената жива и здрава. Таму беше хаотично, се знае, населението е во лоша и тешка состојба, излеговме во пресрет на сите што ни побараа да помогнеме. Ова беше втора наша мисија во такви услови но во Турција беше целиот град урнат и беше многу тешко да се справиме со таа ситуација, изјави Авни Амети.

Покрај командирот Авни Амети во екипата беа Енис Рамани, Хизри Алити, Неби Беќири, Веби Сефери, Шафи Нухија, Бобан Трпковски и Хекуран Мустафи.

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

За десетина проценти повеќе сообраќајни прекршоци во 2022 во споредба со 2021 година, пребрзото возење најчесто се санкционира

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.