• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Празните ниви шанса луѓето да се вратат на одгледувањето грав и да се надмине недостигот на храна

08/10/2022
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Намалувањето на површините на кои се одгледува гравот „Тетовец“ долги години претставува негативен тренд но од друга страна и нова можност за тетовскиот регион ако сака да ја искористи приликата во обидите на целиот свет да се справи со недостигот на храна.

Земјоделците со кои разговаравме се согласни дека секој кој има желба и ако малку повеќе се помачи, може да обезбеди грав во поголеми количини кои потоа би се нуделе дури и на светските пазари.

Празни ниви низ тетовскиот регион има колку сакаш, само треба човек да биде храбар и повеќе да се испоти од порано за да му се исплати одгледувањето на гравот, велат земјоделците со кои разговаравме на со кого зборувавме на традиционалната манифестација „Денови на гравот“ што се одржа во тетовско Теарце.

Среќко Анчевски од тетовско Доброште вели дека  во неговото село секоја куќа имала порано посеано од пет (5000м2)  до 15 декари со грав.  Сега малку од земјиштето се користи за одгледување на грав, а тие што тоа го прават имаат посеано мали површини. Сепак и тој потврдува дека ако повеќе луѓе се вратат на земјоделската работа состојбата може да се смени.

-Треба да се вложи прво финансиски средства, труд голем, дали ќе ги поврати средствата назад не се знае од одма. Вложувањето треба да биде големо затоа што се поскапени трошоците. Пример ако вештачкото ѓубре лани беше 25 евра една вреќа, сега е 50 евра и го нема, вели Среќко.

Цената за еден килограм грав „тетовец“ достигнува до 300-350 денари за килограм, па според соговорникот доколку има и повеќе род секако дека би се исплаќало да се одгледува на поголеми површини.

-Јас го нарекувам тетовско бело злато бидејќи одгледувајќи и потоа продавајќи грав, старите наши не гледале нас како деца, сме имале за живот само од гравот. Ние сме береле пред децении по два-три тона грав. Во секое село имало организиран откуп на грав. Сега нема. Секој продава поединечно, по 10-15-20 килограми и тоа се дава на продажба на пријатели. Сега од два декари нема 50 килограми грав, а претходно претежно еден декар само давал до 100 килограми, објаснува земјоделецот.

Се смета дека гравот е тешка култура за работење, а воедно во времето кога расте во летните месеци со високо температури потребно е да се најде многу вода. Исто така кога се бере е маќно и тешко за работа бидејќи се почнува и во август и во септември кога уште е топло. Бидејќи нема луѓе да се најдат за да работат на собирање, еден земјоделец сега веќе сее грав на површина толку колку што може сам да го изработи.

Градоначалникот на Општина Теарце Нухи Незири вели дека сега за да се зголемат површините на кои се сее грав позитивно може да влијае поддршката која земјоделците имаат прилика да ја добијат со средства од Европската унија познатите ИПАРД фондови.

-Сакаме да ја негуваме традиција на одгледување на грав кои тука ја имаме како благодет во општината.  ИПАРД програма институционално им дава голема поддршка на сите земјоделци. Сакаме да инвестираме во инфраструктурата, во самото село Теарце во фаза на надградување е затворениот систем за наводување на земјоделските површини. Тоа ќе ги поттикне сите земјоделци да ги прошират своите капацитети.  Ние имаме најдоброто плодно место, не само за грав, туку и за другите земјоделски производи меѓутоа истите треба да бидат поттикнати, поддржани од институциите, изјави градоначалникот на Теарце.

Секоја година се помалку грав тетовец може да се најде во автохтоното тетовско подрачје бидејќи земјоделците се жалат дека немаат род од оваа култура. Како причини ги наведуваат високите температури поради кои нема принос на тетовските ниви, а воедно како неуспешна ја оценуваат борбата со штетните инсекти кои го напаѓаат плодот.

Александар Самарџиев

 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Следна објава

По дваесетина години во Тетовско ќе се одржи специјална изложба за кучиња шарпланинци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.