• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Преку јавна набавка ќе се бира фирма да ги отстрани остатоците од изгорената модуларна болница во Тетово

09/11/2022
во Вести
Модуларна ковид болница по пожарот

Модуларна ковид болница по пожарот

Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Директорот на Клиничка болница Тетово Амир Елези информираше дека во тек е јавна набавка за избор на фирма која ќе ги отстрани остатоците од изгорената модуларна болница.  Раководството на болницата досега чекало од Обвинителството да заврши со истрагата поради пожарот на 8 септември 2021 кога 14 луѓе ги загубија животите.

-Во врска со отстранување на опожарената модуларна болница, при крај сме со процедурите. Ова е така бидејќи со месеци чекавме од Обвинителството да имаме дозвола кога објектот нема да биде основа за понатамошна истрага. Сега сме во финалната фаза, врз основа на законот за јавни набавки, кај што ги примаме понудите од различни фирми, после тоа влегуваме во фаза на избор на најповолна понуда. Верувам во скоро време со оглед на тоа дека треба да се запазат до крај сите процедури во многу скоро време ќе се отстранат остатоците од модуларната болница, изјави Амир Елези.

Тој рече дека во координација со Министерството за здравство ќе се одлучува што ќе се прави на тоа место.

-Уште еднаш бидејќи се работи за многу сензитивна тема изразуваме најдлабоко сочуство за семејствата на пациетите кои загинаа. Верувам дека во иднина таму ќе предвидиме една спомен плоча за почит за сите пациенти и на нивните семејства. З понатамошните планови заедно со министерството ќе се координираме што ќе предвидиме во тој дел, истакна Амир Елези денеска во болницата каде беше извршено примо-предавање на донирана медицинска опрема.

За пожарот во модуларната болница осомничени се двајцата поранешни директори, еден доктор и Клиничката болница како правно лице. Досега почетокот на судскиот процес на три пати се одложува поради разни причини.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Учениците имаат интерес за правилата во сообраќајот за кои им предаваа полицајци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.