• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Владата смета дека за да биде македонското стопанство конкурентно треба да се привлекуваат работници од странство или да се преквалификуваат домашните кадри

16/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Привлекување на работници од странство или доквалификација на домашните работници треба да се прави за да не се влоши состојбата со недостиг на работен кадар, порача од Тетово, Фатмир Битиќи заменик- претседателот на Владата задолжен за економски прашања по посетата на компанијата за производство на стакло „Глас Флекс“ која работи во склоп на тетовската технолошко-индустриско развојна зона. Ова треба да се прави за да македонското стопанство биде конкурентно поради новата ера на индустријализација, рече тој.

-Не можеме да останеме да нашите стопанственици останати неконкуретни. Кога другите земји во регионот па и во европска унија го прават истото, во Србија, Албанија, Црна Гора, Босна па и Косово веќе има работна сила која што доаѓа од дали е од регионот или од далечните региони, затоа што компаниите мора да забрзаат во креирање на својата конкурентност и нормално зафаќање на новите новите пазари. Ако ова не го направиме за две до три години, за жал ќе биде уште состојбата потешка затоа што доста од компаниите ќе треба да затворат затоа што не можат едноставно да издржи и затоа велиме дека евентуалниот увоз тоа го викаме либерализирање на пазарот на труд овозможува да се зголеми конкурентноста на нашите компании за да креираат нови работни места, а секако нашите граѓани секогаш ќе бидат на првенствено место. Но заедно со нив треба да работиме на нивна доквалификација, истакна Битиќи.

Менаџерот на фабриката Гоце Пешов посочи дека иако имаат добри плати не можат да се најдат работници, особено квалификувани кадри.  Тој вели дека помошта која што ја дава државата треба да се насочи и кон оваа област.

-Имаме доста проблеми со обучени кадри кои што во моментот недостасуваат во нашата држава, така да сме спремни секогаш за нови кадри- оператори кои што може да работат на ваков тип на машини. Дури и овде очекуваме некаква помош од државата којашто може да делува на носење, кадри и од странство по потреба.  Ние имаме во моментот околу 60 вработени, а на годишно ниво имаме потреба од зголемување на работната сила од 25 посто. Сите оператори кои што се на машините се обучени, меѓутоа сепак потребно е уште обучени кадри кои што треба да работат за да можеме да работиме и во повеќе смени, истакна Гоце Пешов.

Заменик претседателот Битиќи рече дека ќе мора да се работи на преквалификација, на работната сила за да одговара на новите текови во економијата и индустријализацијата.

-Само за за споредба 57 посто од невработените регистрирани како активни баратели на работа сила во Агенцијата за вработување се со незавршено или со основно образование. Над 17 посто се со незавршено или завршено средно образование, тоа не носи до скоро 75 посто од активните баратели на работна сила, кои што имаат образование до средно образование. Со нив треба да работиме на реквалификација или и до квалификација за одредени работни работни места, рече Битиќи.,

Претставникот на Владата потсети дека на крајот на 2022 година се исплатени рекордни 23 милиони евра државна поддршка кон 410 компании.

 

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Ветување од Министерството за животна средина: Со буџетски средства ќе се овозможи пречистителната станица во Југохром да биде во функција

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.