Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во Тетово имаше средби со граѓани при што ги повика да учествуваат и да гласааат на вонредните избори за Совет на Општина Тетово што ќе се одржат на 20 август.
Тој рече дека тие што ќе го искористат своето право на глас и го дадат за советниците од СДСМ за возврат ќе добијат посветена и сериозна работа за потребни на граѓаните на Тетово. Од денес започнува кампањата за изборите на 20 август.
-Сакам да ги повикам тетовчани да го дадат својот глас за СДСМ за листата со советници и носителот Глигорије Стојановски кој е докажан заедно со другите советници кои се угледни и препознаени имиња подготвени да го дадат својот максимум за Тетово. Тоа се чесни, работливи, одговорни луѓе, Ваши комшии кои знаат се што му е потребно на Тетово, повеќе зеленило, почиста општина, целосна гасификација, намдинување на проблемите со водоснабдувањето но и нов економски развој и подобри услуги кои ќе ги нуди општината на граѓаните, порача Ковачевски.
Лидерот на СДСМ рече дека партијата има конкретни проекти кои се наведени во програмата со која што кандидатите за советници излегуваат на овие избори.
-Со посветена работа со многу вложен труд и визија за помодерно Тетово сето тоа преточено во конкретни проекти зад кои стоиме и за кои ќе се залагаме како политичка опција за да обезбедиме подобар квалитет за животот на граѓаните на Тетово. Кандидатите за советници се подготвени да работат посветено и одговорно за својата општина за своите сограѓани и дадат свој придонес за развојот на Општина Тетово. СДСМ покажа како се работи чесно, одговорно и домаќински, како и на централно така и на локално ниво во изминатиов период. Наш единствен интерес е добробит на државата и граѓаните, истакна Ковачевски.
На крајот Ковачевски порача дека со гласовите за СДСМ граѓаните заеднички ќе го градат модерно и европско Тетово.
ас