• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Презентирани писмените докази на Обвинителството на судењето за пожарот во тетовската модуларната болница

27/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претставниците на Основното јавно обвинителство Тетово денеска во текот на главната расправа на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот акт до Судот.

Одбраната на обвинетите го оспори начинот на презентирање сметајќи дека освен цитирање на наслови треба да се образложат понудените докази. Воедно адвокатите посочија дека од листата со докази недостигаат одреден број на наслови како и дека дел од нив содржат недостатоци кои ги прават неупотребливи.

Со оглед дека денеска заврши делот со презентирање на писмените докази предложени од јавниот обвинител, судијата Јордан Велковски ја одложи главната расправа затоа што не беа присутни предложените сведоци на Обвинителството. Главната расправа ќе продолжи на 16 јануари 2023 година со вербални докази од сведоци кои се на предлог на Обвинителството. Судот ќе ги кани за главна расправа и посочените сведоци.

Воедно судијата го закажа и 31 јануари 2023 како следен термин за продолжување на главната расправа како не би дошло до повторно одложување поради зафатеност на бранителите.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна пред три недели, на 7 декември, откако од септември до овој месец,  почетокот на судскиот процес беше одложуван.

Претходно директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница Тетово како правно лице по прозивката на судијата истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Не фрлајте петарди - силниот звук создава трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.