Полициски службеници на СВР Тетово вчера (28 јуни) околу 17 часот го лишиле од слобода 57-годишниот тетовец Д.К. затоа што при претрес извршен во неговиот дом со судска наредба му биле пронајдени и со потврда одземени: 67 куршуми калибар 7,62 милиметри за автоматска пушка, 10 куршуми калибар 16 милиметри за ловечка пушка и 6 други куршуми од различен калибар. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 396 од Кривичниот законик, информира СВР Тетово.