Општинското основно училиште „Лирија“-Тетово со низа активности со свечен карактер организираше прием на првачињата во Детската организација.
По повод одбележување на детската недела во ООУ „Лирија“ се одржаа активности за прием на првачињата во Детската организација.
Активностите беа одржани со првачиња во сите шест одделенија од наставата по македонски и албански јазик.
Кај првачињата гостуваа учениците од второ до петто оделение кои им подготвија свечена приредба по повод приемот во Детската организација.
Се читаше и свечената заклетва „Ветување“ со која што првачињата ветуваат дека ќе ги почитуваат наставнициите, дека ќе бидат добри ученици и ќе се обидуваат да ги решат задачите и дадоа татковински збор дека ќе се дружат со другарчињата во училишниот двор.