Соопштение на СВР Тетово 8 август 2024
На 07.08.2024 околу 10.40 часот во СВР Тетово, Д.И.(25) од Тетово пријавил дека претходниот ден околу 19.30 часот на улица „Мирче Ацев“ во Тетово бил физички нападнат од Ф.К. од Тетово, кој фрлил и тврд предмет кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.08.2024 во 17.00 часот во СВР Тетово, полномошник на правно лице од велешко пријавил дека бил измамен од лице од Гостивар, сопственик на правно лице од Гостивар. Според пријавеното, пред четири месеци во Тетово се договориле со гостиварецот да му продаде три товарни возила за цена од 70.000 евра. Како што е пријавено, откако се договориле тој му уплатил 30.000 евра и ги зел возилата, а останатиот износ требало да го плати во рок од 10 дена, но до пријавувањето не ја исплатил целата сума. Исто така, според пријавеното, тој побарал гостиварецот да му ги врати возилата и на неговата сметка му ги вратил парите, но гостиварецот одбивал да му ги врати возилата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.08.2024 во 01.30 часот, постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници од СВР Тетово презеле мерки и извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на В.Ф.(32) од Тетово. Притоа, во објектот биле пронајдени и одземени повеќе чипови и други предмети за играње комар. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 07.08.2024 во 12.05 часот во Тетово, во кругот на Противпожарната станица Тетово Х.М.(47) и А.Ш.(23), двајцата од Тетово, прво го снимале со мобилни телефони, а потоа агресивно се однесувале кон полициски службеник од СВР Тетово кој вршел службени дејства. Против нив се поднесени соодветни поднесоци.