Соопштение на СВР Тетово 24 јуни 2024
На 23.06.2024 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Р. (23) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Л.Р. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.06.2024 во 10.20 часот полициски службеници од Полициско одделение Теарце во с.Лешок пронашле патничко моторно возило „бмв“ без регистерски ознаки, за кое постои сомнение дека било користено за кривични дела. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.