Соопштение на СВР Тетово 6 септември 2024
На 05.09.2024 во 15.15 часот на улица ,,Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР-Тетово го лишиле од слобода Л.М.(23) од Тетово затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Потоа, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошни простории, каде биле пронајдени три кеси со вкупно околу 150 грама марихуана и една дигитална вага. Л.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.09.2024 во 09.55 часот полициски службеници од ПО Ростуше, постапувајќи по судска наредба, го привеле М.М.(52) во ростушко Велебрдо, кој бил баран за издржување на затворска казна. Тој е предадена на КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.
На 05.09.2024 во 11.10 часот во СВР-Тетово 51-годишник од тетовско Желино пријавил дека бил измамен од 42-годишен маж од гостиварско Србиново. Според пријавеното, на 31.08.2024, пријавителот на социјална мрежа забележал оглас за продажба на патничко возило ,,голф 5“ во Швајцарија, при што се договориле за цената од 1000 франци, но пријавениот побарал да му испрати 200 евра капар преку брз трансфер на пари, а откако ги зел парите веќе не се јавувал на телефон. Се преземат мерки и активности за расчистување на случајот.
На 05.09.2024 во 11:40 часот во СВР Тетово од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел во Тетово има починато лице, кај кого од лекар на Итна медицинска помош била констатирана смрт без знаци на насилство. Констатирано е дека се работи за П.Ј.Р.(68) од Велика Британија. Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид на лице место и по наредба од ЈО, телото на починатиот е предадено за обдукција.