На 09.06.2023 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Л.(41) од тетовско село. Тој се сомничи дека се самозадоволувал пред малолетник од тетовско село и се обидел да изврши обљуба врз него. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.