Соопштение на МВР 8 август 2024
Денеска (08.08.2024) во 07.30 часот во с.Мала Речица, тетовско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.С.(44) од с.Долно Палчиште, тетовско.
При преглед во патничкото возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека без соодветна документација превезува 204 штеки цигари од различни брендови, 24 кутии со тутун од еден килограм и 145 кутии со тутун од 500 грама, пиротехнички средства, 20 машинки за правење на цигари и 36 кутии со вкупно 18.000 филтри за цигари.
Возилото било одземено и заедно со лицето биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278Б од Кривичниот законик.
Член 278 Б од Кривичен законик се однесува за Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама
(1) Тој што купува, продава, растура, прима подарок, крие, прима на чување, користи или прифаќа на чување стоки со поголема вредност по било која основа и за кои знае или бил должен да знае дека се предмет на делото од член 278 и член 278-а, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Обидот за делото од став 1 е казнив.
(3) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.