Тетовската полиција вечерва во Долно Палчиште го нашле 36 годишниот Џ.А од тоа место кој бил баран за издржување на три годишна затворска казна.Тој бил осуден за тешка кражба.
-Денеска (18 јануари) околу 18 часот и 50 минути, во тетовско Долно Палчиште, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 36-годишниот Џ.А.од ова село, осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело по член 236 (“тешка кражба”) од Кривичниот законик.По приведувањето реализирано со судска наредба, Џ.А. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Тетово” во Тетово, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.