Соопштение на СВР Тетово 30 август 2024
На 29.08.2024 во 20.50 часот полициски службеници од СВР Тетово на ул. „29-оНоември“ го лишиле од слобода А.У. од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од А.И. и М.У. од Тетово, дека додека А.И. бил во дворот со неговата сопруга Х.И., дошол А.У. и започнал расправија и агресивно се однесувал, а во тој момент пристигнал и соседот М.У., по што А.У. извадил нож, но не го употребил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
…
На 29.08.2024 во 16.00 часот во СВР Тетово 56-годишен маж од Р.Австрија пријавил дека Ј.С. од Тетово, вработен во фирма за столарија, го измамил за сума од околу 4.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…
На 29.08.2024 во 11.00 часот во СВР Тетово Ј.И. (35) од Тетово пријавил дека на 25.08.2024 околу 19.00 часот додека се движел со неговата малолетна ќерка по ул. „Б.Миладинови“ во Тетово, таа била касната од куче скитник.
…
На 30.08.2024 во 02.40 часот полициски службеници од СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода К.В. (30) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал и физички ги нападнал неговата мајка и двете сестри со различни предмети и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…