СВР Тетово информира за евидентирани неколку настани во Тетово и регионот.
Ноќеска (10 јули) околу 1 часот и 35 минути, во угостителски објект во тетовско Желино, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле странските државјанки: В.С.(28), поради сомнение за злоупотреба на туристички престој и А.Г.(32) од Португалија и Н.А.(32) од Украина, поради сомнение дека престојувале спротивно на целта. Трите странски државјанки задржани се во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.
Триесет и деветгодишна тетовка ноќеска (10 јули) во 2 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека вечерта околу 23 часот и 30 минути нејзиниот сопруг А.Е.(46) физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Дваесет и четиригодишниот М.Т. од тетовско Долно Палчиште вчеравечер (9 јули) во 20 часот и 30 минути пријавил дека на бензинска пумпа на регионалниот пат Скопје – Тетово, пред влезот за тетовски Групчин, каде бил вработен, физички бил нападнат од Б.С.(57) од тетовски Копачиндол. Се расчистува и документира случајот.