Соопштение на СВР Тетово 9 август 2024
На 09.08.2024 во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Ч.(28) од Тетово. Во 04.20 часот 34-годишна жена од Скопје, со живеалиште во Тетово, пријавила дека тој влегол во нејзиниoт дом и со закана со остар предмет ѝ одзел пари. Исто така, поради агресивно однесување кон полициските службеници, била приведена и 34-годишната жена.Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 08.08.2024 во 17.45 часот на улица ,,176“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Б.(38) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор. Тој е предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 08.08.2024 во 09.40 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.С.(35) од тетовско Долно Палчиште. Тој се сомничи дека претходниот ден на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово извршил дрска кражба, при што на П.Ц.(32) од Тетово ѝ одзел чанта со пари и лични предмети. При преглед кај него биле пронајдени марихуана, ризла и украдените работи, кои подоцна биле вратени на оштетената П.Ц.Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 08.08.2024 околу 21 часот, по претходно добиена пријава во СВР Тетово дека на семејна веселба во Тетово се слушало пукање, полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот, во дворот на В.А.(24) од Тетово, каде биле забележани остатоци од активирани пиротехнички средства, кои биле фото-документирани и на сопственикот му бил изготвен соодветен поднесок за констатиран прекршок по член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
На 08.08.2024 во 18.00 часот во СВР Тетово, Ј.Ш.(24) од тетовско Џепчиште пријавила дека во 17.00 часот во угостителски објект на улица ,,Иво Лола Рибар“ во Тетово била физички нападната од А.С. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.08.2024 во 02.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во двор на правен субјект во тетовски Порој било опожарено патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Л.Р.(32) од Порој. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на тетовската територијална противпожарна единица. Увид на местото извршила екипа од СВР Tетоvо, при што во близина на местото било пронајдено шише со запалива течност. Се работи на расчистување на случајот.