Соопштение на СВР Тетово 17 август 2024
На 16.08.2024 во 23.35 часот во Тетово, полициски службеници од СВР тетово ги лишиле од слобода М.К.(60), Л.А.(41), Н.К.(31), Џ.А.(62) и Б.А.(35), сите од Тетово, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветен поднесок.
На 17.08.2024 во 01.10 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.К.(43) од селото, кој бил пријавен од неговата 37- годишна сопруга дека физички ја нападнал нивната малолетна ќерка. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка
На 17.08.2024 во 04.30 часот во СВР Тетово, од Ургентен центар Тетово било пријавено дека кај нив за укажување помош се јавил Б.А.(39) од с.Порој, тетовско. Според пријавеното, тој бил физички нападнат во Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 15.08.2024 околу 17.00 часот во СВР Тетово било пријавенод дека во атар на с.Слатино, тетовско, настанал пожар на дива депонија, кој се прошил и зафатил штала сопственост на Ф.Р.(35) од с.Слатино, при што изгореле два гулабарници со гулаби и бокс со куче. Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.
На 16.08.2024 во 21.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Порој, тетовско, настанал во нива каде горела импровизирана ограда од дрвени палети и дрвени столбови, а бил зафатен и дел од нива сопственост на Д.Љ.(62) од с.Порој. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.