• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 11 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Приведени шест лица поради најдена дрога кај нив

13/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од 19 до 23 часот вчера полицијата привела шест лица поради тоа што кај нив е најдена дрога, информира денеска СВР Тетово. Приведен е осомничен за кражба. Во билтенот на случувања се евидентирани и пријави за повреда поради каснување од куче-скитник, како и за физички напад.

-Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (12 март) околу 22 часот и 40 минути на улица „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово ги лишиле од слобода Е.Т.(18) од тетовска Шипковица, Б.Б.(26), Е.Е.(24), Б.Е.(26) и Ф.Ф.(25), четворицата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Вчера (12 март) околу 19 часот и 30 минути на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот Б.Ш. од тетовски Лешок затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот Б.Ш. ќе се соочи со законски предвидениот поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (12 март) околу 13 часот и 45 минути на улица „Александар Јовановски-Журчин“ во Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот тетовец К.М. поради сомнение дека извршил кражба. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против К.М. ќе следува соодветен поднесок

Вчера (12 март) во 16 часот и 50 минути Х.И.(43) од тетовска Голема Речица во СВР Тетово пријавил дека петнаесетина минути пред тоа на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово бил физички нападнат од Б.Ш.(47) од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Вчера (12 март) во 17 часот и 40 минути, Ш.Ф.(48) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „Кузман Јосифоски-Питу“ во Тетово бил каснат од куче скитник

Поврзани објави

Вести

Во ноември имало 22 акциски контроли за сообраќај – евидентирани 1363 прекршоци

11/12/2023
Вести

Апел на СВР Тетово-пукањето петарди се казнува прекршочно, за нелегалната продажба има кривична одговорност

11/12/2023
црвен крст
Инфо компас

Две крводарителни акции неделава во тетовскиот регион

11/12/2023
Вести

Санкционирани 27 возачи за управување под дејство на алкохол на подрачје на СВР Тетово

10/12/2023
Вести

Градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиноски со отчет за работата во 2023 година

09/12/2023
Вести

Форум на жени СДСМ Тетово со активност по повод кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

09/12/2023
Следна објава

Изречени 160 мерки за брзо возење на тетовско-гостиварското подрачје  

Tetovo, MK
понеделник, декември 11, 2023
clear sky
5 ° c
80%
3.58mh
8%
12 c 5 c
вто
11 c 6 c
сре
12 c 4 c
чет
5 c 2 c
пет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!