• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 7 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Приведени за физички напад, најдена дрога и осуденик баран по потерница

01/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово во денешното соопштение информира за четири приведени лица.

Вчеравечер (28 февруари) околу 19 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 43-годишниот Б.Џ. од тетовско село, кој половина час пред тоа бил пријавен од неговата 40-годишна сопруга, со која бил во бракоразводна постапка, дека во домот на нејзините родители физички ја нападнал. Се расчистува и документира случајот и против Б.Џ. ќе следува поднесок.

Денеска (1 март) околу 6 часот и 20 минути на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 42-годишниот тетовец Џ.С.. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години и шест месеци за извршени повеќе кражби и тешки кражби. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (28 февруари) околу 18 часот на улица „120“ во Тетово ги лишиле од слобода Л.Б.(22) и А.М.(20), двајцата од тетовско Нераште, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Вршат јавен превоз на патници без потребни документи – казни за пет возила

07/12/2023
Вести

Две жени пријавиле физички напади од своите сопрузи- четири вакви пријави за два дена

07/12/2023
Вести

Црвен картон за насилниците-трибина и проекција на филм по повод кампањата за борба против насилство врз жените и девојчињата

06/12/2023
Вести

Казни за 13 возила при контрола на техничка исправност – глоби од 50 до 400 евра

06/12/2023
Вести

Приведени двајца мажи за физички напади врз жени – во полициска станица завршиле и двајца кај кои е најдена дрога

06/12/2023
Вести

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар

06/12/2023
Следна објава

Казни за 90 возачи поради некористење на сигурносен појас и користење на мобилен телефон во возење

Tetovo, MK
четврток, декември 7, 2023
overcast clouds
7 ° c
95%
2.77mh
100%
4 c -3 c
пет
5 c -1 c
саб
7 c 1 c
нед
8 c 2 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!