• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Приведени за најдена дрога и физички напади, еден случај на каснување од бездомно куче

21/02/2023
во Некатегоризирано
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово денеска ги соопшти овие случувања евидентирани од нивните служби.

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (20 февруари) околу 23 часот, во Блок 82 во Тетово, го лишиле од слобода тетовецот К.Р.(24) затоа што му била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Вчера (20 февруари) околу 17 часот и 30 минути, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот А.Б. од тетовско Теарце кај кого била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против А.Б. ќе следува поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (20 февруари) околу 23 часот и 30 минути, во тетовско Желино, го лишиле од слобода М.И.(24) од ова село, кој претходно бил пријавен од неговиот 19-годишен соселанец A.З. дека околу 18 часот физички го нападнал, внесувајќи го во неговото возило, а поради нивни претходни недоразбирања. Се расчистува и документира случајот.

Вчера (20 февруари)  во 10 часот, во тетовско Желино, полициски службеници на СВР Тетово ја привеле 20-годишната Л.М. од Република Косово поради непријавен престој на подрачјето. Таа била задржана во Полициската станица Тетово, а потоа депортирана во нејзината матична земја.

Вчера (20 февруари) во 10 часот, А.Б.(46) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на 8 февруари годинава околу 21 часот и 30 минути во тетовско Доброште неговиот малолетен син, пред семејна куќа на нивен роднина, физички бил нападнат од неколку други малолетници. Се расчистува и документира случајот.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (20 февруари) во 7 часот над тетовско Боговиње го лишиле од слобода Л.З..(34) од тетовско Боговиње, кој еден час пред тоа  бил пријавен од Џ.Џ.(28) од тетовско Ново Село два дека му се заканувал. Се расчистува случајот.

Триесет и двегодишниот М.А. од Тетово вчера (20 февруари) во СВР Тетово пријавил дека неговата малолетна ќерка на улица „180“ во Тетово била касната од куче скитник.

 

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Татко пријавил исчезнување на 18 годишна ќерка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.