СВР Тетово во билтенот на случувања евидентира приведени лица за најдена дрога, како и двајца мажи кои се лишени од слобода поради тоа што физички ги нападнале сопругите.
На 08.06.2023 во 21.10 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода А.А.(22) од Тетово затоа што кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. Најдена е малолетничката која семејството ја пријавило дека се оддалечила од дома.
На 09.06.2023 во 01.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Е.(22) од Република Косово, со живеалиште во Тетово, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.06.2023 во 11.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце го лишиле од слобода Б.Е.(31) од тетовско село затоа што физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга. Лицето било задржано во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
На 08.06.2023 во 10.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.З.(32) од тетовско село затоа што физички ја нападнал неговата 24-годишна сопруга. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.06.2023 во 19.20 часот во СВР Тетово, 45 годишник од Тетово пријавил дека ја пронашол неговата малолетна ќерка, за која претходно пријавил дека се оддалечила од домот. Според пријавеното, тие стапиле во контакт со неа, при што изјавила дека живеее со момчето во Република Црна Гора.