• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Призна вина и доби 15 месеци затвор анестезиологот Валтон Дервиши кој на социјалните мрежи снимаше пациенти и медицински персонал

17/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Анестезиологот Валтон Дервиши кој на социјалните мрежи во живо снимаше пациенти и вработени во Клиничката болница Тетово денес на почетокот на судењето ја призна вината, по што судот му одреди единствена казна затвор од една година и три месеци.  Тој на судењето освен што призна вина и се извини на пациентите и персоналот.

Тој беше обвинет за две кривични дела – „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичен законик и кривично дело „Неовластено снимање по член 152“. Судот за првото дело му одреди казна затвор од една година, а за второто-пет месеци или единствена казна затвор од една година и три месеци. За изречената казна се засметува и времето во притвор до 14 април до денес.

– Несовесно постапил во вршење на своето овластување и должност на тој начин што неовластено направил видеоснимка во службените простории на Клиничка болница Тетово, оддел за гинекологија и истите непосредно ги пренесувал во живо на социјалната мрежа Тик-ток со што на оштетените пациенти и вработени им ги повредил правата и им нанел штета, повредувајќи ја нивната приватност и углед со што и во голема мера ги вознемирил оштетените и пошироката јавност, беше наведено во пресудата која ја прочита судијата Назиф Илијази.

Осудениот има право на жалба на пресудата во рок од осум дена. Судот одлучи да му ја укине мерката притвор и му определи мерка куќен притвор од 60 денови.  Осудениот Дервиши снимките ги имаше направено на 14 април годинава, по што беше пријавен во полиција. Беше приведен истиот ден што судија во претходна постапка му одреди и притвор.

ас

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Одбележани 80 години од смртта на првоборецот Иљо Антески Смок

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!