Поддршката за кандидатската листа на ВМРО ДПМНЕ предводена од носителот Ангел Карапетров дојде од проф. д-р Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ
-Проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ се темелно разработени според потребите на граѓаните ,а не според некој неизводлив концепт,напишан на лист хартија. ВМРО-ДПМНЕ знае колку вреди квалитетното образование. Започнавме со негово подобрување и нема да запреме. Советничка група покрена значајни проекти во шесте месеци, овозможете и да спроведе многу други проекти во корист на учениците. На 20 август да го заокружиме бројот 2.За квалитетен образовен систем.За упех на идните генерации.За напредно,модерно и успешно Тетово.Еднакво за сите!