• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Инфо компас

Програма за утрешниот настап на Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“

30/05/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ ќе одржи целовечерен концерт утре вечер 31 мај во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово од 20 часот. Концертот е дел од долгогодишниот проект „Танец низ татковината“ што претставува циклус концерти во центрите за културата низ државата.

– На концертот во Тетово, ќе биде изведена програма во која зад најголемиот дел од нумерите стои потписот на прерано починатиот првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на НУ „Танец“, големиот композитор, аранжер и инструменталист, Милан Завков, изјави Бранка Костиќ-Марковиќ, уметнички раководител на ансамблот.

„Танец низ татковината“ се целовечерни концерти на целиот ансамбл кој го сочинуваат играорен кор, вокален ансамбл и оркестар. Сите изведуваат атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од разни региони на кои се создавало македонското музичко-сценско фолклорно наследство.

Програма:

„Велигденско оро“
Автор на музиката: Милан Завков
Исполнува: Оркестар на Танец

Копачија (2001)
Кореографија: Стојче Каранфилов
Музичка обработка: Милан Завков
Исполнува: Играорен кор, оркестар и хор на Танец

Сплет песни од кореографијата „Сербез Донка“ (2009)
„Што ми е мерак сејмен да шетам низ Бузаана“
Музичка обработка: Милан Завков
Исполнува: Машка вокална група на Танец

„Ај, што убаво одат велешките моми“
Музичка обработка: Милан Завков
Исполнува: Мешана вокална група на Танец

„Се посврши сербез Донка“
Музичка обработка: Милан Завков
Исполнува: Мешана вокална група на Танец

Водарки
Кореографија: Блаже Палчевски и Димитар Митко Алексов
Музичка обработка: Ѓорѓи Димчевски

Копачка
Сценска адаптација: Стојче Захариев и Никола Арсов, 1949 и
Љупчо Маневски, 2005

Музички сплет од песни и ора
„Прошета се Јовка, кумановка“

Песна од кореографската постановка „Кумановка“(2013) од
Јовица Блажевски (кореографија) и Милан Завков (музичка обработка )

Исполнува: Сузана Спасовска

„Оро Крстачка“
Аранжман: Милан Завков

„Разигран танец“
Музика: Милан Завков

Радовишки собор (2019)
Кореографија: Јовица Блажевски
Музичка обработка: Дарко Илиевски

Песнопоен сплет
„Што си толку Лено гајлелија“
Аранжман: Милан Завков
Исполнува: Сузана Спасовска

„Отидов село Долнени“
Песна од кореографската постановка „Прилепски игри“(2002) од Стојче Каранфилов (кореографија), Бошко Тренески (вокална обработка) и Милан Завков (музичка обработка )
Исполнува: Машка вокална група на Танец

„Отишла Јана на нива“
Песна од кореографската постановка „Битолски игри“(2007) од Стојче Каранфилов (кореографија), Бошко Тренески (вокална обработка) и Милан Завков (музичка обработка )
Исполнува: Женска вокална група на Танец

„На столче седам, писмо пишувам“
Песна од кореографската постановка „Прилепски игри“(2002) од Стојче Каранфилов (кореографија), Бошко Тренески (вокална обработка) и Милан Завков (музичка обработка )
Исполнува: Мешана вокална група на Танец

На мегдан (2009)
Кореографија: Симеон Чулев
Музичка обработка: Милан Завков

Национален ансамбл за народни игри и песни „Танец“ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, кој е формиранво 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да го поставува и претставува она што е највредно од богатата ризница на македонскиот народ.

„Танец“ чие име го симболизира македонскиот народен танц (оро) е амбасадор на македонската народна уметност и култура каде и да се појави – без разлика дали е на најоддалечените континенти или меѓу неговите сонародници и во странство и дома. Како конзерваторна уметноста и жив и подвижен музеј на нашето културно богатство.

 

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 31 мај

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!