• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 1 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Задолжителната замена на регистарските таблички со ознаката МК со ознаката НМК (NMK) граѓаните треба да ја направат во овластени станици за технички преглед, а тоа ќе ги чини од 1400 до 1500 денари. Министерството за внатрешни работи деновиве информираше дека граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката МК со ознаката НМК (NMK).

-Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблици во овластени станици за технички преглед каде врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблици и од страна на   референтот на МВР се издава нова сообраќајна довола  и нови регистарски таблици на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблици е 1200 до 1300 денари во зависност од обликот на регистарската таблица, информираат од МВР.

Сопственикот на возилото треба да приложи сообраќајна дозвола и регистарски таблици и важечка лична карта или ако сопственикот е правно лице тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија. Плаќањето се врши на пост терминал или на уплатница пп50.

Согласно законот за возила,  доколку возилото е во  сообраќај  со поинакви регистарски таблици од пропишаните предвидена е глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност.

Поврзани објави

Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Вести

Во контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници – казни за 11 технички неисправни возила

30/11/2023
Вести

Полицијата расчистува случај – во детска игра со остар предмет повреден малолетник

30/11/2023
Следна објава

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

Tetovo, MK
петок, декември 1, 2023
overcast clouds
11 ° c
76%
8.23mh
99%
19 c 9 c
саб
14 c 4 c
нед
7 c 2 c
пон
8 c 3 c
вто

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!