Во Клиничка болница Тетово денес беше организирана промоција на реновираните простории кои се наоѓаат во зградите на интернистичкиот и хируршкиот блок.
На промоцијата почнаа да зборуваат директорот на болницата Агим Бериша и министерот Арбен Таравари обраќајќи се само на албански јазик, а на македонски јазик се обратија дури откако беше побарано тоа од нив.
На првиот кат од интернистичкиот оддел беше откриена и поставена информативна табла за тоа кои простории се реновираните, но натписот е само на албански јазик.
„Со донацијата на компанијата Еколог, се направи реконструкција на интернистичкиот оддел, амбуланти и на прв кат и дел од амбуланти во хируршки блок. Зградата е варосана на двете страни. Надворешниот дел односно ѕидот и паркингот исто така се направени и во иднина се надеваме дека пак ќе продолжиме вака со Дестани кој е човек со волја да помага и ние треба да го искористиме тоа, изјави д-р Агим Бериша, директот на Клиничка болница Тетово.
И од други компании ќе се бара да бидат општестевено одговорни и да донираат за реконструкции на болничките објекти, рече министерот за здравство Арбен Таравари
„Си имаме наши проекти коишто ќе ги тераме, но секогаш се добредојдени проекти со кофинансирање од компании коишто се успешни во Република Северна Македонија. Уште еднаш им посакувам што побрзо да поминат пациентите во овие навистина изгледаат добри услови во општата болница во Тетово со инвестициите. Продолжуваме и како министерството за здравство и јавно уште еднаш би сакал да му се заблагодарам на господинот Дестани и се надевам вакви инвестиции ќе има и од другите компании низ целата територија на нашата држава“, рече Таравари.